Темен режим Режим на светлина

Времето денеска: Облаци, сонце и магла по котлините

Релативно топло време со врнежи во западните делови Релативно топло време со врнежи во западните делови

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има појава на магла, а ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе се движат од -4 до 1 степен, додека максималните ќе достигнат од 4 до 12 степени, информираат од Управа за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и тивко, со појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 4 степени.

Според најавите од УХМР, утре преку денот ќе се задржи стабилно време, со појава на магла и зголемена облачност по одделни котлини. Кон крајот на денот и во следните денови, под влијание на влажни воздушни бранови, ќе има повремени локални врнежи од дожд, на места пообилни. На планините и на некои повисоки места врнежите ќе преминуваат во снег поради продор на постуден воздух од север.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Расчистена тешка кражба во Гостивар, приведени три лица, пронајдени украдени пари и злато

Следна објава

Администрацијата на Трамп објави рекордни приходи од царини