Темно Режим Светло Режим

„Сејф сити“ почнува да казнува, сумите не се мали и би требало да се само опомена да се вози прописно

Од утре официјално полицискиот систем „Сејф Сити” почнува да казнува. На почетокот ќе се регистрираат прекршоците: надминување на дозволена брзина, поминување на црвено, непрописно паркирање и управување со нерегистрирано возило.

Стравот од казните веќе го потсмири возењето низ Скопје. Парите од кои ќе треба да се опростат несовесните возачи не се мали. Најстого ќе се казнува поминувањето на црвено светло, со 250 евра, и одземање на возачката дозвола на период од 3 до 12 месеци.

Надминување на дозволената брзина, во зависност од пречекорувањето ќе се казнува различно па така глобите ќе се движат помеѓу 15 и 300 евра. Казните за непрописното запирање и паркирање се помеѓу 25 и 180 евра, а за управување со нерегистрирано возило меѓу 100 и 500 евра.

Advertisement

Од МВР потсетуваат дека казните може да се преполоват доколку се платат во рок од осум дена. Инаку, целта на воведување на системот не е да се казнуваат возачите, туку да предизвика поголема одговорност кај учесниците во сообраќајот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Протестот „Стоп за Цементара“ денеска ќе го блокира центарот на Скопје

Следниот Пост

Антикорупциска му пуштила прекршочни налози на Орце Ѓорѓиевски, затоа што не доставил анкетни листови