Македонската ракометна репрезнтација со убедлива 33:24 победа над Финска ги стартуваше квалификациите за Европското првенство во 2022 година, рутински добивајќи го реално послабиот противник пред вистинските тестови со Данска и Швајцарија.
Финците први дојдоа во водство, и го оддржуваа темпото во првите 15 минути игра (5:5), пред македонската репрезентација предводена од капитенот Кирил Лазаров и Филип Кузмановски да направат предност од шест гола на полувреме (16:10). До крајот, момците на селекторот Данило Брестовац не дозволија пад на концентрацијата за крајна победа од +9 гола.
Лазаров повторно беше „столбот“ на нашата репрезентација со 11 постигнати голови, Кузмановски додаде шест, а по четири постигнаа Жарко Пешевски и Бојан Маџовски.
ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО 2022, КВАЛИФИКАЦИИ
ГРУПА 7
Македонија – Финска 33:24 (16:10)
Данска – Швајцарија, одложено