МЗТ Скопје вечерва против Подгорица во АБА 2 лигата

Откако вчера на стартот од новата сезона во АБА 2 лигата, кошаркарите на Работнички беа поразени од Струденстки центар, вечерва и МЗТ Скопје Аеродром тргнува во премиерата на новата сезона во регионалното натпреварување. Според новиот систем на натпревари, првиот турнир се одржува од 9 до 18 ноември 2020 година, а домаќин е КК Златибор.

МЗТ Скопје А. вечерва од 17 часот во првиот меч сезонава за противник го има тимот на Подгорица. Во пресрет на дуелот тренерот на аеродромци, Ѓорѓи Кочов вели:

– Подгорица е екипа која е спој на младост и на искуство. Згора на тоа, од минатата недела во своите редови го имаат и нашиот поранешен играч, Марко Љубичиќ, што ги прави уште поопасни. Мораме да ја спречиме нивната транзиција и да реагираме на вистински начин на нивните комбинирани одбрани.

Лидерот на тимот, Дамјан Стојановски, вели дека пред себе имаат релативно непознат противник.

– Најдобро во ситуацијава е што конечно ќе почнеме да играме. Ова е помалку невообичаена ситуација, но како за сите други така и за нас. За прв противник имаме релативно непознат ривал, но ќе дадеме сѐ од себе да почнеме со триумф.

Претходна вестИ миењето загорена тава е поарно од гледање провладини вести
Следна вестКривична пријава за 29-годишен штипјанец кој насилно се однесувал во Инфективното одделение