МЗТ и Работнички ја стартуваат АБА-2 сезоната во Златибор

Македонија за првпат по долго време ќе има два претставника во АБА2-лигата, тоа се „вечните ривали“ МЗТ Скопје и Работнички – аеродромци веќе подолго време се натпреваруваат на Јадранот, додека центарци се дебитанти.

АБА-2 лигата ќе се игра по „балон-систем“ поради коронавирусот, а стартува во Златибор. Прв на сцената ќе излезе Работнички кој ќе се соочи со екипата на Студентски Центар (17:00), а ден подоцна МЗТ ќе игра против Подгорица (17:00 часот).

Во Златибор ќе се одиграат вкупно четири кола во неколку дена, па потоа ќе се организира нов турнир чиј датум дополнително ќе биде утврден.

Претходна вестБројчаникот на Заев конечно е на Триумфална, покажува долгови, заболени, починати…
Следна вестБензините поскапуваат за по половина денар