Бензините поскапуваат за по половина денар

Од вечерва на полноќ се зголемува цената на бензините и на екстра лесното масло за домаќинство за половина денар, реши денеска Регулаторна комисија за енергетика.

Малопродажната цена на Еуродизел не се менува, односно останува на исто ниво од 49,50 ден/литар. Цената на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,365 ден/кг и ќе изнесува 26,196 ден/кг.

-Цената на Моторен бензин Еуросупер БС – 95 ќе изесува 58,50 денари за литар, на моторен бензин Еуросупер БС -98 60,50 денари/литар, а на масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 49,50 денари/литар, се наведува во соопштението на РКЕ.

Претходна вестМЗТ и Работнички ја стартуваат АБА-2 сезоната во Златибор
Следна вестДруштво „Илинден“:  Со пописот во 2011 година во Албанија за Бугарин не се изјаснил ниту еден граѓанин во земјата