ДИК со проекции по пребројани 85,66 отсто од избирачите: ВМРО-ДПМНЕ 59 пратеници, СДСМ 19, ДУИ 18, „Вреди“ 13…

ВМРО-ДПМНЕ ќе има најголем број пратеници во Собранието по денешните парламентарни избори. Така покажува и симулацијата на мандати која предмалку ја објави Државната изборна комисија по пребројани 85,66 отсто од избирачите.

Пресметката покажува дека досега најголемата опозициска партија добива 59 мандати во новиот состав на македонското Собрание. Втора партија засега е СДСМ со 19 мандати, но блиску е ДУИ со коалицијата која има 18 мандати. Коалицијата на опозициските партии на Албанците, „Вреди“, има 13 мандати. Левица, во моментов, е со 6 пратеници, а ЗНАМ може да се надева на 5 мандати.

Фактот што за броење преостануваат уште околу 14,5 проценти од избирачите значи дека се можни промени во распоредот на мандатите.

Во првата Изборна единица Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ би имала 10 пратеници, Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ 3 мандати, Левица, коалицијата Европски фронт на ДУИ и Коалицијата од албанскиот опозициски блок „Вреди“ по 2 пратеника и Движење ЗНАМ – За наша Македонија еден пратеник.

Во Изборната единица 2, Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ би имала 9 пратеници, коалицијата Европски фронт на ДУИ четири мандати, Коалицијата од албанскиот опозициски блок „Вреди“ 3 пратеници, Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ 2 мандати, додека Левица и Движење ЗНАМ – За наша Македонија по еден пратеник.

Во третата Изборната единица, Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ би имала 14 пратеници, Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ 4 мандати, а Левица и Движење ЗНАМ – За наша Македонија по еден пратеник.

Во ИЕ 4, Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ би имала 13 пратеници, Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ 5 мандати, додека Левица и Движење ЗНАМ – За наша Македонија по еден пратеник.

Во петтата изборна единица, Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ би имала 10 пратеници, коалицијата Европски фронт на ДУИ – 4 мандати, Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ 3 мандати, Левица, Коалицијата од албанскиот опозициски блок „Вреди“ и Движење ЗНАМ – За наша Македонија по еден пратеник.

Во ИЕ 6 коалицијата Европски фронт на ДУИ би имала девет мандати, Коалицијата од албанскиот опозициски блок „Вреди“ 7 пратеници, Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ 3 пратеници и Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ еден пратеник.

Претходна вестКовачевски: Повикувам на нови внатрешни избори во СДСМ
Следна вестМицкоски: Ова е историска победа, ќе одговараат до последниот