Општина Аеродром, во партнерство со Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП, објави Јавен повик за поднесување предлог-проекти во рамките на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан.
Програмата има цел да го зајакне партнерството меѓу општината и граѓанските организации преку транспарентна поддршка и поголемо учество на граѓаните во креирањето јавни политики.
Како приоритетни проекти во повикот, меѓу другите се наведеуваат: Заштита на животната средина и климатски промени, Социјална инклузија и поддршка на ранливи групи, Млади и младинско учество во заедницата и Креативни уметности и културен развој.
Повикот ќе биде отворен до 27.02.2026.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: