Папата Лав, по вчерашната средба со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека Европа мора да има централна улога во напорите за завршување на војната во Украина и оцени дека секој мировен план што ја игнорира европската улога е нереален.
Тој нагласи дека конфликтот се води на европско тло и дека европските држави мора да бидат вклучени во обезбедувањето безбедносни гаранции за Украина.
Одговарајќи на новинарско прашање, поглаварот на Римокатоличката црква истакна дека не сака да го коментира американскиот мировен план за Украина, но потврди дека се запознал со документот. Според него, предлогот претставува значајна отстапка од долгодишниот вистински сојуз меѓу Европа и Соединетите Американски Држави.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: