Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најавува сончево и релативно топло време со мала до умерена локална облачност за денеска. Наутро на места ќе има поголема облачност, која во текот на денот постепено ќе се намалува, а ќе дува слаб северозападен ветер.
Минималните температури ќе се движат од -3 до 4 степени Целзиусови, додека максималните ќе достигнат од 11 до 16 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Температурите во Скопскиот Регион ќе се движат од 1 до 13 степени.
Според прогнозата на УХМР, следува период на стабилно и релативно топло време со поголема облачност во утринските часови, која ќе се намалува во текот на денот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:





