Темен режим Режим на светлина

Димитриеска-Кочоска: Словачка силно ја поддржува евроинтеграцијата и економските реформи на Македонија

Димитриеска-Кочоска: Словачка силно ја поддржува евроинтеграцијата и економските реформи на Македонија Димитриеска-Кочоска: Словачка силно ја поддржува евроинтеграцијата и економските реформи на Македонија

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска оствари тет-а-тет средба со својот словачки колега Ладислав Каменицки, на која беше потврдена заедничката заложба за продлабочување на економската соработка меѓу двете земји.

На средбата, како што информира Димитриеска-Кочоска, била изразена силна поддршка од страна на Словачка за евроинтегративниот процес на Македонија, како и подготвеност за споделување на искуства и експертиза, особено во областа на јавните финансии, борбата против даночното затајување и управувањето со јавните инвестиции.

Таа потенцира дека Владата останува цврсто посветена на спроведување на реформите, одржување на макроекономската стабилност и создавање услови за забрзан економски раст.

„Заедничката цел е јасна – посилна економија и унапредена соработка меѓу двете земји“, истакна Димитриеска-Кочоска.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Поднесено обвинение за пожарот во дивата депонија во Визбегово од минатото лето

Обвинителството отвори постапка за врсничкото насилство во Ѓорче Петров

Следна објава
Скандал во Реал: Играчите се расправаат, атмосферата се распаѓа

Скандал во Реал: Играчите се расправаат, атмосферата се распаѓа