Полицијата во Кичево поднесе кривична пријава против 44-годишен жител на градот со иницијали М.У., поради сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
Според информациите од Надворешната канцеларија за криминалистички работи – Кичево, инцидентот се случил на 21 март 2026 година, по претходно вербално недоразбирање кое ескалирало во конфликт.
Во текот на настанот, осомничениот, управувајќи патничко возило, наводно удрил во три лица, при што тие се здобиле со телесни повреди.
Од надлежните институции информираат дека се преземаат дополнителни мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со инцидентот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:





