Премиерот Христијан Мицкоски на партискиот конгрес истакна дека индустрии базирани на знаење, технологија, биотехнологија, инженеринг, креативни индустрии и слично биле новата економска матрица. Тој вели Македонија мора да вложува во новите дигитални технологии и технолошките паркови ќе создадат работни места со висока додадена вредност и ќе го зголемат извозниот капацитет.
Ова делува плански – модерно, но сепак да не се подзаборави земјоделието. Тое е една од економските гранки каде Македонија сигурно има добар потенцијал. Тука земјата може да постигне големи извозни квоти, а не како до сега да е зависна од увоз на храна. Во земјава се увезуваат дури и на патлиџани, кромид, лук, компири што е крајно поразувачки.
Плодна почва имаме, сонце исто така. Само треба подобро организирано земјоделство и производство на органска храна од старите добри македонски семиња. Тоа сигурно ќе се бара на светските пазари. Оваа економска гранка е фикс за Македонија, ама треба да се запне, а субвенциите конкретно и корисно да се потрошат.
Инаку, Македонија има и други економски адути, но некако се оставени по страна.





