Починале 15 пациенти од вирусот, новозаразени се 628 лица

Во последните 24 часа во Македонија се направени 2236 тестирања, а регистрирани се 628 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-353, Куманово-33, Штип-13, Прилеп-36, Тетово-33, Струга-11, Велес-34, Битола-28, Охрид-17, Кавадарци-7, Гостивар-7, Струмица-20, Крива Паланка-6, Радовиш-2, Пробиштип-3, Демир Хисар-1, Македонски Брод-2, Берово-2, Виница-1, Делчево-4, Свети Николе-6, Кичево-6, Ресен-1, Неготино-2.

Починати се 15 лица, седум пациенти од Скопје (76,63,84,82,75,80 и 85г), тројца пациенти од Велес (41, 86 и 57), двајца пациенти од Гевгелија (60 и 51г), еден од Ресен (70г), еден од Делчево (59г) и еден пациент од Охрид (87г).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 531 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 27827, бројката на оздравени пациенти е 19479, на починати е 949, а бројот на активни случаи изнесува 7399.

Претходна вестВладата дала виза за набавки на лекот „Ремдесивир“
Следна вестНови заразени во Вардар, одложен е натпреварот со ПСЖ