Владата дала виза за набавки на лекот „Ремдесивир“

Владата на денешната  седница  го задолжи министерот за здравство да го потпише и имплементира Посебниот договор за јавна набавка на лекот „Veklury (ремдесивир)“ согласно договорот  склучен со Европската комисија, се наведува во денешното соопштение по седницатана Владата.

Министерството за финансии е задолжено да обезбеди  дополнителни 13,5 милиони денари (217.000 евра), за плаќање на лекот „Veklury (ремдесивир)“ за месец октомври.

-Останатите средства во износ од 67,5 милиони денари (1.100.000 евра), за исплата по сукцесивна испорака на овој лек за период од 5 месеци, да се предвидат и обезбедат во буџетот на Министерството за здравство за 2021 година, се наведува во соопштението.

Претходна вестСе заканувал на малолетничка со објава на фотографии, добил кривична пријава
Следна вестПочинале 15 пациенти од вирусот, новозаразени се 628 лица