Се заканувал на малолетничка со објава на фотографии, добил кривична пријава

Закана дека ќе објави компромитирачки фотографии била причина жител од село Морани да добие кривична пријава.

-Одделението за внатрешни работи Прилеп поднесе кривична пријава против Ј.З.(26) од село Морани – Студеничани, затоа што во текот на февруари во повеќе наврати контактирал со малолетничка на „Фејсбук“ со цел да оствари средба во Скопје. Тој претходно ја уценувал дека ќе објави нејзини фотографии кои претходно ги добил во текот на комуникацијата преку социјалната мрежа, соопшти полицијата.

Претходна вестМртов 54-годишник пронајден во куќа во Гази Баба
Следна вестВладата дала виза за набавки на лекот „Ремдесивир“