Здравствените работници кои се грижат за болните од вирусот ќе добијат награда од 870.000 евра

Вкупно 54 милиони денари, односно, околу 870.000 евра ќе изнесува фонд за награда на сите здравствени работници кои се вклучени во третманот на пациентите заболени од Ковид-19, информираат од Министерството за здравство. Овие средства се обезбедени со ребаланост на Буџетот.

Парите ќе бидат наменети за вработените во Ковид-центрите во Скопје и во болниците во останатите градови низ Македонија.

-Овие 54 милиони се дел од вкупно 243 милиони денари кои Владата ги издвои за здравството. Останатите пари ќе бидат распределени за набавка на лекот Ремдесивир, за набавка на вакцини, за тестови за Ковид-19 и за потребите на Јавните здравствени установи, се наведува во соопштението.

Од ресорното министерство појаснуваат дека предлогот за ребалансот е во собраниска процедура и се очекува да биде изгласан во наредните денови, со што ќе почнат да се реализираат и четвртиот сет мерки.

Претходна вестКаква е смислата на конкурсите и Управните одбори ако однапред се знае кој ќе биде избран?
Следна вестНе претеруваат само возачите: Полицијата казни 23 пешаци