Два саата по завршување на изборите у неделата се залепив за телевизор. Ќе гледам анализи и резултати од изборите – ќутете сите дома – подвикнав. И се зафркнав.
Прво, кај ти дава жена да подвикнаш дома… одвај за пола саат успеав некако да и се испоизвинам колку што треба само за да гледам у мир телевизија.
Ама втората зафрканција беше потешка за заобиколување. Абе овоа нашите телевизии се идентични како партиите, се едни те исти фаци ни ги форсираат како главни и кои знаат се’. И ај тоа, него бегам ја на друг канал, ама таму пак истите луѓе зборат. Ја бегам, ама и они трчаат и мењаат телевизија. Што бидна бе ова? Не можам да ги стасам и да им избегам на тоа аналитичарите. Немаше ли да се викне у студио нов човек да каже како ги гледа изборите?
И не е само тоа драги читатели мои, најногу се зафркнав што го чекав оној Заев до доцна по полноќ да каже нешто умно, а он кажува – еве водиме и победуваме – па дури и кажува некои бројки големи. Толку ме растажи човеко у кој стадиум е дојден што цела ноќ не сум спан. Мора да ви признам, не сум спан и оти џабе на прсти доцна вечерта у спална влегов, женами ме чекаше и пак глава ми пукна. Е, нема бегање…
Затоа, ќе видам дали ќе гледам ТВ за вториот круг.