Подвикнав дома за у мир ТВ-анализи да гледам и се зафркнав

Два саата по завршување на изборите у неделата се залепив за телевизор. Ќе гледам анализи и резултати од изборите – ќутете сите дома – подвикнав. И се зафркнав.

Прво, кај ти дава жена да подвикнаш дома… одвај за пола саат успеав некако да и се испоизвинам колку што треба само за да гледам у мир телевизија.

Ама втората зафрканција беше потешка за заобиколување. Абе овоа нашите телевизии се идентични како партиите, се едни те исти фаци ни ги форсираат како главни и кои знаат се’. И ај тоа, него бегам ја на друг канал, ама таму пак истите луѓе зборат. Ја бегам, ама и они трчаат и мењаат телевизија. Што бидна бе ова? Не можам да ги стасам и да им избегам на тоа аналитичарите. Немаше ли да се викне у студио нов човек да каже како ги гледа изборите?

И не е само тоа драги читатели мои, најногу се зафркнав што го чекав оној Заев до доцна по полноќ да каже нешто умно, а он кажува – еве водиме и победуваме – па дури и кажува некои бројки големи. Толку ме растажи човеко у кој стадиум е дојден што цела ноќ не сум спан. Мора да ви признам, не сум спан и оти џабе на прсти доцна вечерта у спална влегов, женами ме чекаше и пак глава ми пукна. Е, нема бегање…

Затоа, ќе видам дали ќе гледам ТВ за вториот круг.

Претходна вестПредизборното фаќање за работа на Шилегов не беше доволно за глас повеќе
Следна вестПроменливо облачно, попладне со локален дожд