Филмот „17“ на македонската режисерката Косара Митиќ е награден за најдобар филм во програмата „Нови режисери“ на Интернационалниот филмски фестивал во Уругвај.
Остварувањето ја освои наградата во конкуренција од 13 филмови, по одлука на меѓународно стручно жири.
Фестивалот, кој се одржува во Монтевидео и во повеќе градови низ земјата, годинава прикажа над 200 филмови од десетици држави, со фокус на дебитантски остварувања и млади автори.
Филмот „17“ е дебитантско дело и дел од продукцијата Црна мачка.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:





