Затворска казна во траење од една година и шест месеци за поранешниот премиер Никола Груевски и условна казна за екс-министерот Миле Јанакиески и други обвинети изречени се денеска на крајот од судењето на судскиот предмет „Насилство во Центар“. За Јанакиески е определено дека ќе отиде во затвор во траење од една година доколку во наредените четири години стори друго кривично дело.
Обвинетите Александар Трајковски, Дарко Стојчевски и Трајче Петковски, добија по девет месеци условна казна затвор која нема да се изврши ако во рок од 3 години од прависилноста не сторат ново кривично дело. Игор Бошковски и Даниел Трифуновски се осудени на условна казна од 6 месеци која нема да се изврпи ако во рок од две години не сторат ново кривично дело.
Груевски и Јанакиески во предметот се гонеа како поттикнувачи на насилните протести пред просториите на Општина Центар во јуни 2013 година, а другите беа дел од обвинението како директни учесници на протестите.