Маскиран крадец влегол во домот на Вело Марковски

Обид за грабеж се случил синоќа во домот на познатиот доктор-инфектолог Вело Марковски, потврди денеска полицијата. Според првичните сознанија се уште непознат маскиран крадец влегол во семејниот дом, но избегал откако бил забележан од страна на сопругата на Марковски.

– На 28.09.2020 околу 21,20 часот во СВР Скопје В.М. пријавил дека додека неговата сопруга спиела во домот, влегло непознато лице и во моментот кога било забележано го напуштило местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот, се вели во кусото соопштение од МВР.

Марковски и е познат на јавноста како доктор кој често ги изнесува свои видувања за актуелното справување со пандемијата на корона вирусот. Тој неодамна беше избран и за член на Извршниот комитет на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ. 

Претходна вестНе е до потписот: Многу пати до сега министри се обврзаа на етички кодекси…
Следна вест24-годишна велешанка двапати силувана во ист ден