Темно Режим Светло Режим

Променливо облачно со утринска магла

Во Скопје и околината претпладне ќе преовладува облачно и магливо време, а попладне се очеквуа променливо облачно време. Утринската температура се спушти до 7, а дневната ќе достигне до 17 Целзиусови степени.

Облачно време се очекува и на останатиот дел од Македонија, по котлините магливо, а попладне променливо облачно со сончеви периоди. Во крајните јужни делови ќе има услови за слаб дожд. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Утринската температура се движи од 2 до 8, а дневната ќе биде во интервалот од 16 до 22 Целзиусови степена.

Во четврток времето ќе биде посончево, а во петок и сабота повторно ќе има зголемена облачност со услови за локален дожд во северните и североисточните делови од земјава. Од петок ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието, па дневните температури ќе се намалат за неколку степени.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Национален ден Чешка: Концерт на музика од Дворжак на плоштад Македонија

Следниот Пост

Скопје стаса до 3.551 случај на заразени, секој шести е во Аеродром