Темно Режим Светло Режим

Расте црниот биланс во Кордоба, 45 жртви во катастрофалната железничка несреќа

Бројот на жртви во железничката несреќа во близина на Адамас во шпанската покраина Кордоба се искачи на 45, откако спасувачките екипи пронајдоа уште две тела, објавија денес властите во шпанската автономна заедница Андалузија, наведувајќи дека 123 лица се повредени, од кои шест се во тешка состојба.

Телата, според RTVE, се пронајдени во еден од оштетените вагони на возот и според првичните информации, тоа се последните две лица кои беа водени како исчезнати.

Цивилната гарда претходно изјави дека бара „уште две исчезнати лица“ меѓу остатоците од возот.

Advertisement

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Трамп разговараше со Зеленски, па испрати порака до Путин

Следниот Пост

Агелер: Македонија е земја полна со храброст, издржливост и културно богатство