Темно Режим Светло Режим

Разбојници фатени на лице место како изнудуваат пари од скопјанец

Утрово околу три часот во Скопје, во централното градско подрачје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје уапсиле двајца 19 годишници поради основано сомнение дека сториле кривично дело разбојништво.

-Веднаш по добиената пријава околу 2:30 часот од Ф.Ф. дека во близина на Собранието на град Скопје две лица со закана со остар предмет му одзеле пари, преземени се соодветни мерки и активности и извршителите се лишени од слобода, а одземеното е пронајдено и ќе биде вратено на сопственикот. Пронајден е и предметот со кој е извршено делото и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од СВР Скопје.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Advertisement
Претходниот Пост

Скопје утринава меѓу десетте најзагадени градови во светот

Следниот Пост

Тројца млади луѓе избодени со нож во Охрид