Темно Режим Светло Режим

Репрезентативците вечерва играат за остварување на сонот, а тоа носи и гордост и успех и пари

Вечерва македонските фудбалски репрезентативци играат за постигнување на сонот – ушество на Европско првенство. Играат за постигнување на успех и гордост кои ги посакуваат и самите фудбалери и цела Македонија.

Освен ова, доколку вечерва победат во Тбилиси и изборат пласман на Европското првенство, македонските репрезентативци ќе добијат богати премии. Пласманот на континенталното првенство на Фудбалската федерација на Македонија ќе и донесе 9.250.000 евра. Неофицијално од оваа сума 3.000.000 евра ќе подеалт фудбалерите и стручниот штаб.

На Европското првенство секоја победа вреди 1.500.000 евра, а реми 750.000 евра. Пласман во нокаут рундата УЕФА го наградува со дополнителни 2.000.000 евра, пласманот во четврт-финалето вреди 3.250.000 евра.

Advertisement

Полу-финалистите ќе заработат 5.000.000 евра, а пласманот во финалето се наградува со 7.000.000 евра.

Победникот на европското првенство ќе биде награден со 10.000.000 евра.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Што кажува стиропорниот Димитров за односот кон Комисијата за надворешни работи?

Следниот Пост

И Гази Баба надмина 1.000 активни случаи од корона вирусот