И Гази Баба надмина 1.000 активни случаи од корона вирусот

По Аеродром, сега веќе и скопската општина Гази Баба ја надмина бројката од илјада активни случаи на заболени од корона вирусот. Во оваа општина вчера беа забележани 1.007 случаи додека во Аеродром се уште има најмногу – 1.161.

Во Скопје, инаку, бројот на активни случаи е 7.410, а до сега се регистрирани вкупно 18.647 позитивни на корона вирусот.

На трето место по бројот на инфицираните граѓани е Карпош со 987, а потоа следуваат  Центар 956 и Кисела Вода со 922.

Во Чаир се 444, во Ѓорче Петров 595, Бутел 389, во Шуто Оризари 123, Студеничани 36, а Сарај 81. Во Арачиново се 20, Илинден 183, Сопиште 57, Чучер Сандево 65, Петровец 73, Зелениково 42, странци се 119, а нераспределени 150.

Претходна вестРепрезентативците вечерва играат за остварување на сонот, а тоа носи и гордост и успех и пари
Следна вестШилегов: На „Васил Ѓоргов“ прекопот го изврши ЕВН додека улицата не беше завршена