Револтирана граѓанка со реакција до Филипче…

Вистинска голгота доживеала скопјанка Даниела при обидот да ја смести својата болна мајка со корона вирус и повеќе други заболувања во Градската болница „8 Септември“. Револтирана од односот на медицинските лица таа своето искуство го споделила на Фејсбук групата „Ковид 19 Искуства и совети“ истовремено поставувајќи пдилеми до министерот за здравство Венко Филипче.

Еве дел од нејзиното сведоштво:

Неколку дена по смртта на мојата мајка, конечно собрав сила да ја опишам голготата низ која поминавме. 76-годишна жена, пациент на дијализа, позитивна на ковид, со пад на сатурација, висока температура и наод на плуќата, за што доктор претходно порача ИТНА ХОСПИТАЛИЗАЦИЈА, по извршената дијализа во ковид центарот во “8-ми Септември”, оставена е во ходник сама без никаква медицинска нега. Чека да ја донесеме дома. Зошто? Затоа што немало кревет за неа, креветот се чувал за некој помлад. Нормално, дома без соодветна терапија ситуацијата драматично се влошува. Утредента во полукоматозна состојба доаѓа брза помош (секоја им чест) но и тие уплашени, кажуваат дека не знаат каде да ја носат, во болница не им ги примале пациентите, особено постарите. На наше настојување докторката решава да се обиде да ја примат во “8-ми Септември” како нивен пациент. По 30 минутно чекање во комбето, докторката се враќа и ни кажува дека нема да ја примат, едноставно над 70 години не примаат во “8-ми Септември”. Сакаат да ја вратат дома, а сатурацијата е 60. На наше очајно инсистирање, сепак брзата помош се решава да се обиде на клиника. И таму чекање 30 минути во комбето, за на крај сепак да се смилуваат и да ја примат на гастро. Рекоа чекајте да дојде доктор и да ви земе податоци. Чекавме, 4 саати, доктор НЕ ДОЈДЕ, само се јавија да ни соопштаат дека починала.

И го повикувам Венко Филипче да излезе и јавно да објави дека во “8-ми Септември” е забрането да примаат пациенти над 70 години. Јавноста мора да знае, особено постарите каде да се обратат во случај на компликации од вирусот, напишала Даниела на Фејсбук.

Претходна вестГоривата со нови цени од полноќ
Следна вестФилипче побарал инспекциски надзор околу непримањето на постар пациент во ГОБ „8 Септември“