35 пациенти починале од вирусот, 387 се новозаразени

Во последните 24 часа во Македонија се направени 1176 тестирања, а регистрирани се 387 нови случаи на ковид-19, соопшти денеска Министерството за здравство. Новите случаеви се во: Скопје 174, Куманово 17, Штип 19, Прилеп 12, Тетово 26, Велес 12, Битола 20,Охрид 1,Кавадарци 3,Гостивар 56,Гевгелија 1,Струмица 6,Крива Паланка 4,Радовиш 1,Крушево 3,Кочани 4,Пробиштип 2,Демир Хисар 1,Берово 1,Валандово 2,Виница 1,Делчево 7,Свети Николе 7,Кичево 3 и Неготино 4

Починати се 35 лица, десет пациенти од Скопје (46, 68, 79, 76, 76, 73, 48, 66, 71 и 66г ), тројца од Куманово (67, 82 и 79г), еден од Штип (79г), двајца од Прилеп (68 и 69г), еден од Тетово (84г), еден од Велес (73г), двајца од Битола (88 и 77г), еден пациент од Охрид (82г), еден од Кавадарци (73г), четири пациенти од Гостивар (75, 73, 50 и 43г), еден од Дојран – ПЕ Гевгелија (65г), двајца од Струмица (48 и 75г), еден од Радовиш (76г), еден од Кочани (67г), двајца од Берово (70 и 53г) и двајца пациенти од Кичево (54 и 70г), се наведува во информацијата.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 528 оздравени пациенти.

До сега во земјата се направени вкупно 313.519 тестирања на Ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 55127, бројката на оздравени пациенти е 32894, на починати е 1546, а бројот на активни случаи изнесува 20687.

Претходна вестМакедонија со најголема смртност од вирусот во регионот – 725 починати на милион жители
Следна вестКумановец фалсификувал диплома