Фатени две лица што краделе во црквата „Св. Недела“ во Катланово

Полицијата приведе две лица во скопското село Катланово, кои вчера изутрина извршиле тешка кражба во црквата „Св. Недела“ во Катланово.

– Денеска (23.11.2020) во с. Катланово – Скопско од страна на полициски службеници од Полициско одделение Петровец приведени се Д.Т. (46) и А.Н. (39), кои денеска меѓу 07 и 09 часот извршиле тешка кражба во црквата „Св.Недела“ во Катланово. По документирање на кривично правниот настан ќе биде изготвена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство, соопшти МВР.

Претходна вестСончево со умерени облачност и ветер
Следна вестДржавна матура ќе се полага од 29 мај до 14 јуни, информатика и географија првпат во листата на изборни предмети