Загрепската полиција уапсила 25-годишна државјанка на Македонија, дел од група од тројца измамници кои, претставувајќи се како лекари, измамиле 87-годишна жена и ѝ зеле 40.000 евра.
Според полицијата, измамниците ја контактирале жената и ѝ кажале дека нејзината ќерка е во болница и оти е потребна итна операција. Еден од нив се претставил како лекар, а потоа жена глумела дека е нејзината ќерка, за да ја убедат да ги предаде парите.
Следниот ден, кога осомничената пристигнала на адресата во Загреб да ги преземе парите била уапсена од полицијата, а по другите две лица, исто така државјани на Македонија, сè уште се трага.
Ова е истото сценарио како многубројните измами што во последната година се случуваат во Македонија, кога лажни доктори и полицајци изнудуваат пари од повозрасни лица, раскажувајќи им приказна дека нивни близок доживеал сообраќајка или прегазил некого па итно се потребни пари за операција или за заташкување на случајот.






