Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, потврди дека парламентарните избори ќе се одржат годинава, а како можни термини ги посочи периодот до 10 јули или од септември до крајот на годината.
Тој најави дека во Собранието ќе бидат усвоени сите препораки на ОДИХР за подобрување на изборните услови, со цел да се обезбедат транспарентни, легитимни и законити избори.
Дополнително, посочи дека Србија целосно ќе ги почитува ставовите на Венецијанската комисија во однос на измените на правосудните закони, нагласувајќи дека државата ќе постапи во согласност со нивната оценка.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:





