Европската унија не поддржува никакви мерки што ја ограничуваат слободната пловидба низ Ормутскиот теснец, изјави шефицата на европската дипломатија Каја Калас.
Таа нагласи дека сè уште не е целосно јасно што точно подразбира американската блокада на иранските пристаништа.
Калас потенцираше дека Унијата е против блокади и против наплата за премин низ теснецот, кој досега бил отворен за сите и повика на дипломатско решение, истакнувајќи дека за договор е потребно меѓусебно почитување и вклучување на регионалните држави кои најдобро ја познаваат ситуацијата со Иран.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:






