Темен режим Режим на светлина

Војската на Нигерија во воздушен напад по грешка бомбардирала локален пазар, загинаа над 200 цивили

Војската на Нигерија во воздушен напад по грешка бомбардирала локален пазар, загинаа над 200 цивили Војската на Нигерија во воздушен напад по грешка бомбардирала локален пазар, загинаа над 200 цивили

Во воздушен напад на нигериската војска, насочен кон џихадистички бунтовници, погоден е локален пазар на североистокот од земјата, при што, според локални извори, загинале 200 цивили. Властите потврдија дека станува збор за погрешен удар, но без да изнесат повеќе детали.

Ваквите инциденти не се реткост во Нигерија, каде што војската редовно изведува воздушни напади против вооружени групи, а според податоци од 2017 година досега во слични акции загинале најмалку 500 цивили.

Инаку, Нигерија веќе повеќе од една деценија се соочува со сериозна безбедносна криза, особено на северот, каде што дејствуваат групи како Боко Харам и фракции поврзани со Исламската држава.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Македонски лажни лекари почнаа да оперираат и во Хрватска, изнудиле 40.000 евра од 87-годишна загребчанка со измама дека черка и е во болница

Македонски лажни лекари почнаа да оперираат и во Хрватска, изнудиле 40.000 евра од 87-годишна загребчанка со измама дека ќерка и е во болница

Следна објава
Новата унгарска власт ќе му го откаже гостопримството на Никола Груевски

Новата унгарска власт ќе му го откаже гостопримството на Никола Груевски