Полицијата учела 6 возачи дека не се поминува на црвено светло, а колкумина уште не знаат?

На скопското подрачје при вчерашните полициски контроли санкционирани се вкупно 207 возачи заради прекршување на сообраќајните правила и прописи, соопшти МВР.

-Меѓу изречените мерки 24 се за возење без возачка дозвола, 25 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 6 мерки за поминување на црвено. Исто така, изречени се 11 казни за користење на мобилен телефон, 60 за непрописно паркирање, 47 возила се подигнати се специјално возило „пајак“, а изречени се 16 казни за неносење на  заштитна маска, се наведува во информацијата. 

Добро е што полицијата учела возачи дека на црвено не се поминува на семафор. Многу „далтонисти“ има низ Скопје и полицијата треба да биде поревносна и преку казни да им ги објаснува боите и правилата.

Претходна вест62 македонски интелектуалци со отворено писмо: Сето она што го дефинира македонскиот идентитет не смее да биде предмет на расправа на т.н. заеднички комисии
Следна вестПриведен скопјанец кој ограбувал викендички