Вонреден инспекциски надзор во битолската болница каде пациент примал инфузија покрај починати лица

Државен здравствен и санитарен инспекторат да изврши вонреден инспекциски надзор во болницата во Битола како би се утврди фактичката состојба во дневната болница по објавените морбидни фотографии на социјалните мрежи, побара денеска министерот за здравство Венко Филипче. На објавените фотографии на Фејсбук од лицето потпишано како Васко и потоа пренесени во дел од медиумите се гледа како пациент додека прима инфузија, на други болнички кревети до него лежат починати пациенти.

Врзано со ова д-р Билјана Гагачовска директор на Клиничката болница во Битола денеска инфорамира дека еден од пациентите кој бил во лоша здравствена состојба примал инфузија, а на другите два креветат за време на интервенција, пациентите починале.

-Тоа е оделение каде што доаѓаат пациенти со проблеми, суспектни, со температура, со други заболувања, бронхопневмонија. Кога починува пациент амбулантски, повторувам не се хоспитализирани, процедурата е дека два часа мора да отстои каде што починало во установата, во меѓувреме се известува семејството и оператор кој треба да го подигне телото. Доколку операторот не дојде да го подигне после тие два часа, пациентите се пренесуваат во болничката мртовечница, изјави за медиумите д-р Билјана Гагачовска, директор на Клиничка болница Битола.

Таа обајсни дека согласно член 272 од Законот за здравствена заштита, став 1: „Преглед на умреното лице се врши, по правило, најрано 2 часа по настапувањето на смртта на местото на смртта, а најдоцна 12 часа по пријавувањето“.

-Од таа причина телото на починатиот не можело  да се пренесе во болничката мртвачница, објасни директорката на болницата во Битола.

Министерството за здравство уште еднаш апелира дека доколку членови на семејство на пациент и лично пациенти имаат каков било сомнеж за евентуален лекарски пропуст или за начинот на лекарски третман, да се обратат до ДСЗИ.s

Претходна вестУбаво: Засадени 300 дрвја на новиот булевар „АСНОМ“
Следна вестМухамед Зекири е новиот генерален секретар на Владата