Мухамед Зекири е новиот генерален секретар на Владата

Мухамед Зекири е избран за генерален секретар во Владата. Одлуката е донесена на последната владина седница, одржана денеска.

Имено, Зекири неодамна си поднесе оставка од пратеничката функција, а Собранието веќе ја констатираше оставката.

Потпретседателот на СДСМ го менува на позицијата Драги Рашковски, откако Дамјан Манчевски ја одби понудата .

Зекири во политиката е од 2016-та година, откако по 18 години во новинарството ја напушта професијата и се зачленува во партијата на Зоран Заев.

Беше кандидат за пратеник на парламентарните избори во 2016 во втората изборна единица, каде партијата освои осум мандати.

Зеќири основно училиште завршил во „Лирија“ – Чаир, а средно теолошко училиште во медресата „Иса Бег“ во скопското село Кондово. Дипломирал на студиите по новинарство на универзитетот на Југоисточна Европа во 2001 година.

Претходна вестВонреден инспекциски надзор во битолската болница каде пациент примал инфузија покрај починати лица
Следна вестРегистрирани се 1039 нови случаи на вирусот, починаа 15 лица