РСБСП со порака до возачите: Подгответе се за безбедно учество во сообраќајот во зимски услови

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) и годинава ја реализира кампања „Користи зимска опрема“. Кампањата започнува на 15 ноември и трае до 15 март следната година, а се реализира со цел потсетување на возачите на законската обврска за задолжително носење и користење на зимска опрема за возилата во овој временски период, и нивно советување за подготовка на возилата за безбедно учество во сообраќајот во зимски услови.

Зимската опрема за возилата подразбира:

–  за лесни моторни возила:

– зимски пневматици на сите четири тркала со минимална длабочина на шарите од 4 mm (6 mm за возила со погон на сите четири тркала) или

– летни пневматици на сите четири тркала со минимална длабочина на шарите од 4 mm (6 mm за возила со погон на сите четири тркала) и носење на синџири за снег во возилото

– за тешки моторни возила:

– зимски пневматици на погонските тркала и прирачен алат (лопата).

Зимските пневматици имаат подлабока шара која овозможува лесно истиснување на водата и снегот и се изготвени од материјал кој е флексибилен и во услови на ниски температури.

Обезбедуваат стабилен контакт со подлогата и стабилно управување и запирање на возилото при зимски услови на патот. Зимските пневматици странично имаат ознака: „MS“, „M+S“, „M&S“ и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.

-Комбинацијата, односно истовремената употреба на зимски и летни пневматици е исклучително опасна бидејќи го нарушува управувањето со возилото, особено траекторијата на движење и запирање на возилото, предупредува РСБСП.

Претходна вестНиколоски за средбата Мицкоски-Макрон: Францускиот претседател е неспорно лидер на Европа
Следна вестЗемал пари и издавал дозволи за сеча на шуми