Темно Режим Светло Режим

Штета: Македонија нема да игра на светското првенство, последниот билет за Чиле

Македонската ракометна репрезентација дефинитивно нема да биде дел од Мундијалот во Египет, откако Светската ракометна федерација последниот слободен билет за учество и го додели на чилеанската селекција.

Надеж за Македонија за учество на Светското првенство, кое ќе се одржи следната година се отвори после одложениот турнир „Последна шанса“ во Средна и Јужна Америка поради коронавирусот. Сепак, Чиле како најдобра селекција од учесничките ја доби довербата од ИХФ.

Со губењето на последната шанса за учество на СП, Македонија стави точка на еден добар низ настапи на големите собири кој започна 2009 година во Хрватска.

Advertisement

Избраниците на селекторот Данило Брестовац после завршување на сапуницата околу билетот за учество на Мундијалот, комплетно можат да се фокусираат на квалификациите за ЕП, кои го започнаа со две победи, над Финакс и Швајцарија.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Кривична пријава за 29-годишен штипјанец кој насилно се однесувал во Инфективното одделение

Следниот Пост

Пак фатен на дело малолетник како обива автомобил, овој пат на Водно