Си пишуваат соопштенија и контрасоопштенија, а работат ли нешто друго?

Фрштат низ Македонија соопштенија, одговори, деманти… Цел ден само тоа да читаш не можеш да постасаш се да погледнеш. Зото толку се распишаа државните институции?

Последен пример се Антикорупциска комисија која го прозива Судскиот совет, па тој одговара, па пак одговор, па…

Првиот владин потпретседател ги критикува антикорупционерите, а по што добива соопштение од нив.

И министерката за добро владение упатува сооопштение околу антикорупциска…

Министерот за образование, пак, исто така преку јавноста се расправа со Државен испитен центар околу организирањето на матурата и пробивањето на тестовите за испит.

Првиот човек во ресорот здравство, пак, покрај куп проблеми наоѓа време за јавни расправии со доскорешниот директор на државната Клиника за кардиологија…

Не можат овие државни институции да се разберат меѓу себе без соопштенија туку на состанок – работно со заклучоци, за повеќе да нема недоразбирања? Не се уморуваат од пишувања?

И најважното прашање:

Работи ли некој во оваа држава друго нешто освен што се пишуваат соопштенија?

Претходна вестКовид бејби бум во Австралија
Следна вестГрчка полиција идентификува уште шест лица кои упаднаа на солунската изложба македонскиот уметник Андреевски