Пак заѕвони ѕвончето на Детската клиника: Малата Ангела ја победи тешката болест

Ѕвончето кое означува деке некој мал пациент е излекуван од онколошка болест вчера пак заѕвонило на Детската клиника во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Здружението за помош на деца со малигни заболувања и нивните родители „САНО“ објави видео од малата Ангела која се избори со тешката болест. Таа вчера заѕвони на ѕвончето на онколошкото одделение во Детската клиника.

Малата Ангела која ја напушти Клиниката за детски болести беше поздравена со аплауз.

-Нека грми се од смеа и ѕвончето нека се слушне до крајот на светот, сестрата на Дамјан здрава си оди дома. Ете, така вчера Ангела си замина од Клиниката за детски болести. Бравооо, те сакаме херојке наша , споделија на фејсбук од Здружението „Сано“.

Претходна вестОдговор до холандскиот амбасадор со контра прашање
Следна вестВучиќ: Албанските полицајци впериле пушки кон син ми и го прашале „татково име?“ Тој одговорил: Александар! Тоа е мојот татко и ваш претседател