Обвинителство во Косовска Митровица одредило притвор до 48 часа на 34 претседатели на избирачки места кои се осомничени за фалсификување на резултатите од гласањето на парламентарните избори одржани на 28 декември.
Централната изборна комисија во саботата, по завршувањето на пребројувањето на гласовите, ги објави конечните резултати од изборите одржани на 28 декември, но не го одобри објавувањето на конечните резултати за Српската листа, бидејќи двајца членови на Комисијата од Самоопределување гласале против.
Претходно, поради сомнение за учество во фалсификување на резултатите од гласањето, на 28 лица им е изречена мерка притвор од 30 дена во Призрен, а на 15 лица во Малишева.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: