Трајкоска:  Очекувањата од оваа Влада беа многу високи но не добивме речиси ништо

Имавме големи очекувања од Владата, но дека досега ништо не е направено, изјави денеска претседателката на ОРМ Владанка Трајкоска. Таа учествуваше на конференцијата на тема “Социјален дијалог – состојба, перспективи и предизвици. Трајковска рече дека очекувале Владата да има сенс за нивните проблеми со кои се соочуваат во текот на работењето како што се зголемување на продуктивноста, немањето работна сила и инфраструктурата.

– Она што очекувавме беа многу високи очекувања, но не добивме речиси ништо. Очекувавме дека оваа Влада ќе има сенс за бизнисот, за сите оние кризи со кои се соочуваме, меѓутоа она што се зборуваше во изминатиот период беше само зголемување на платите на јавната администрација, земање на кредити за општините, заобиколување на проблемите со кои се соочува стопанството во делот на продуктивноста и немањето на работна сила што значи со еден збор ништо, изјави претседателката на ОРМ Владанка Трајкоска.

Работодавачите, како што посочи, немаат никаква конкретна информација на кој начин и под кои услови ќе може бизнис секторот да ги користи парите од  унгарскиот кредит.

–  Се вели дека ќе биде за некакви инвестиции во работењето но се додека немаме конкретна информација и на кој начин ќе се стигнува до тие кредити, ние не можеме ништо да говориме, вели Трајкоска.

Претходна вестМицкоски: За 100 дена реализиравме, донесовме или отпочнавме над 100 проекти, мерки и одлуки
Следна вестУнгарската претстава „Пенелопијада“ вечерва на фестивалот на античката драма во Велес