Темен режим Режим на светлина

Унгарската претстава „Пенелопијада“ вечерва на фестивалот на античката драма во Велес

Вечерва (1 октомври) од 20 часот, на малата сцена на велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ ќе се одигра претставата „Пенелопијада“ на театарот Маладип од Будимпешта, Унгарија, која е во рамките на фестивалот на античка драма Стоби.

Режијата на Золтан Балаш ја прераскажува добро познатата античка приказна од лична перспектива на искусната, храбра и снаодлива сопруга на Одисеј, Пенелопе, засилувајќи ги женските аспекти на митот.

-Претставата ветува продукција со сите уметности во толку разновидни театарски жанрови, што на публиката ѝ дава можност за играчко искуство слично на калеидоскоп, кое може да се доживее и лично и колективно, велат организаторите на фестивалот.

Во претставата играат Габриела Варга, Едина Бајко и Нели Орбан.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Трајкоска:  Очекувањата од оваа Влада беа многу високи но не добивме речиси ништо

Следна објава

„Левица“: 100 дена нова влада стара политика – ДПМНЕ ја продолжува праксата на СДС