Нови 178 заболени од корона вирусот на скопското подрачје пак придонесоа најголем пораст да има во три скопски општини: Центар, Аеродром и Карпош.
Во главниот град на Македонија, во моментот има 1.432 активни случаи, при што најголем број има во општина Центара – 265 активни, па следуваат Аеродром со 257 и Карпош со 242. Повеќе од 100 има во Гази Баба (147), Кисела Вода (157) и Ѓорче Петров (118). По нив следуваат Кисела Вода со 157, Ѓорче Петров со 118, Чаир – 73, Бутел – 56, Сарај 16 и Шуто Оризари – 13.
Во Студеничани има 2, Арачиново – 4, Илинден – 31, Сопиште – 4, Чучер Сандево – 2, Петровец – 9, Зелениково – 4, Странец – 10 и Нераспределен – 22.