Црн ден од ковид-19: 22 починати, најмладите жртви се на 27 и 32 години

Ковид-19 статистиката во Македонија денеска бележи висока бројка од дваесет и двајца граѓани кои починале како последица од корона вирусот.

Од нив 10 се од Скопје, меѓу кои лице на 32 години од Скопје. Најмладата жртва е на 27-годишна возраст од Демир Капија, а смртни случаи има и во Тетово, Прилеп, Радовиш, Кавадарци, Гостивар, Струмица, Охрид, Струга и Куманово.

Во последните 24 часа се направени 726 тестирања, а регистрирани се 75 нови случаи на ковид-19, од кои најмногу од Скопје – 45.

Регистрирани се 1.440 оздравени пациенти.

Со ова вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 94.871, а на починати е 2.946, додека активни случаи има 6.486, од кои 3.215 во Скопје.

Претходна вестСкандал: Невработена лекарка извршила царски рез во болницата во Битола
Следна вестБританската мутација на корона вирусот засега ја имаат 45 наши граѓани, најмногу во Охрид и Прилеп