ВМРО-ДПМНЕ: Кој е интересот на Филипче што овозможи приватните болници да се богатат на грбот на пациентите?

Прашуваме кој е интересот на Венко Филипче што овозможи приватните болници да се богатат на грбот на пациентите додека државното здравство колабирареагира денеска опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Од оваа партија во соопштението наведуваат дека црните рекорди на министерот за здравство продолжуваат.

-Секој ден четирицифрена бројка на новозаразени со корона според статистиката на министерството за здравство. Вкупната бројка на заразени се движи кон 45 илјади, а неспособниот Филипче предвидуваше дека ќе биде две илјади. Во последното деноноќие уште 25 семејства завиени во црно, а од почетокот на пандемијата 1263 починати лица. Неспособниот Филипче ги фрла граѓаните во секојдневна голгота. Нема соодветна терапија за сите, истата се добива во приватните болници, пациентите умираат на пат до болница, по ходници на клиниките, укажуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Најголемата опозициска партија потенцира и тоа дека медицинските лица се целосно незаштитени.

-Филипче девет месеци од короната кризата ги остава без соодветна лична заштита, па така од почетокот на пандемијата 1527 медицински лица, а починаа 13. Време е за одговорност! Затоа Филипче оставка веднаш!, се наведува во соопштението.

Претходна вестГрад Скопје организира историска тура со Маршалот по Скопје, ќе се запази ли забраната за групирање?
Следна вестПолициско куче му го пронашло бункерот со дрога во возилото