Пребрзо возење била најчеста причина за изрекнувањето на санкции кои што ги извршила полицијата при контролите спроведени во изминатово деноноќие.
-На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 346 санкции, меѓу кои за пречекорување на дозволената брзина на движење имаше 150 прекршоци, соопшти денеска МВР.
Полицијата казнуваше и за други прекршоци што ги направиле скопските возачи: за возење без возачка дозвола – 17 лица, нерегистрирани возила 24, 28 санкционирани мотоциклисти и три одземени мотори, 54 мерки за непрописно паркирани возила и 29 возила подигнати со пајак (вкупно 83), а изречени се и 48 санкции за неносење на заштитна маска, информира полицијата.
Од МВР наведуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.
-Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, се наведува во информацијата.