Тежок судар на 3 возила, повредени 6 лица, најтешко 16-годишно девојче

Шеснаесетгодишното девојче е најтешко повредено во сударот на три возила синоќа во Тетово по кој се повредени вкупно шест лица, информира полицијата. Несреќата се случила околу 19 часот на улицата „Илинденска“.

Во сообраќајката учествувале „Опел корса“ управуван од Б.С (21) од Ново Село, потоа „Фолксваген голф“ што го возел Н.Н(59) од Палатица и „БМВ“ управувано од М.Д (38) од Тетово, сите со тетовски регистерски ознаки.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобило 16 годишно девојче, сопатничка во возилото Опел корса. Таа е пренесена во Тетовска клиничка болнница, каде и е укажана прва помош, по што поради сериозните повреди е однесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Со телесни повреди се здобиле возачите на „Опел корса“ и „бмв“, како и вкупно три други сопатнички од тие две возила, информираат од СВР Тетово.

Претходна вестОва по улиците станува многу опасно
Следна вестПендаровски му напиша на Вартоломеј, а кога ќе му напише на Борисов?