Повредена жена откако автомобил удрил во срна на патот Тетово-Скопје

Со повреди се здобила сопатничка во патничкото возило „Рено“ кое вчера попладне удрило во срна на автопатот од Тетово кон Скопје.

СВР Тетово информира дека несреќата се случила во 17 часот и 30 минути во близина на исклучувањето за Групчин.

-Патничко моторно возило „Рено сеник“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 34-годишниот З.С. од скопско Волково, удрило и усмртило срна која се движела по коловозот. При тоа, со телесни повреди се здобила сопатничката во возилото Д.З.(49), која била пренесена во тетовската клиничка болница за укажување на лекарска помош – информираат од СВР Тетово.

По пријавата на случајот извршен е и увид од страна на екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.

Претходна вестШто ќе дознаеш од информативните табли низ Скопје?  
Следна вестБраво, македонски информатичари со три бронзи на Интернационалната олимпијада по информатика